„Борете се, и ова ќе помине“ – Славната актерка конечно ги покажа своите наследници и им испрати важна порака на сите деца (ФОТО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Славната актерка ретко со јавноста ги споделува деталите од приватниот живот, но сега реши да ги изненади своите следбеници со фотографија каква што не сме виделе досега.

Кетрин Зита Џонс на социјалните мрежи ретко споделува семејни фотографии. Меѓутоа, сега за првпат објави фотографија од своите две деца, ќерката Карис која има 17 години и синот Дилан кој наполни 20 години.

Фото: Инстаграм

– Летото официјално заврши во нашето семејство. Денес и нашите млади му се враќаат на учењето. На различни начини, без преседан. Ве сакам и двајцата…. И порака за сите деца. Знаењето е клучот на животот. Значи, борете се, и ова ќе помине, напиша актерката под фотографијата која ја објави на Инстаграм.

Потоа веднаш започнаа да пристигнуваат коментари од следбениците, а повеќето нагласија дека нејзиниот син и ќерка многу наликуваат на неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот