Борел го повика белорускиот амбасадор при ЕУ поради Пратасевич

Амбасадорот на Белорусија при ЕУ, Александр Михневич, е повикан во седиштето на европската дипломатска служба во знак на протест поради приведувањето на опозиционерот Роман Пратасевич.

На барање на шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, белорускиот амбасадор денеска се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи, Стефано Санино. ЕУ на амбасадорот му пренела дека приведувањето на Пратесевич е неприфатливо, како и присилното слетување на авионот во Минск каде се наоѓал белорускиот опозиционер.

-Амбасадорот Михневич беше информиран за острата осуда на институциите на ЕУ и земјите членки за присилниот чин со кој белоруските власти ја загрозија безбедноста на патниците и екипажот, стои во соопштението на европската дипломатска служба.

ЕУ смета дека ова е уште еден обид на Минск да ги замолчи опозициските гласови и побара веднаш да биде ослободен Пратасевич.

Темата ќе биде на дневниот ред на шефовите на држави и влади кои се состануваат вечерва и утре во Брисел на вонреден самит. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот