„Бомба“ од Каталонија: Барса се договори со Марко Асенсио?!

Марко Асенсио има важечки договор со Реал до 30 јуни 2023 година/ фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Марко Асенсио е сè поблиску до Барселона! Веста ја пренесе вечерва каталонското радио „РАЦ1“, кое тврди дека Асенсио играчот се согласил со Барса за четиригодишен договор.

Асенсио е во последната година од договорот и нема апсолутно никакви најави дека би можел да ја продолжи соработката со Реал Мадрид.

Хорхе Мендеш го презеде Асенсио, а тоа не му се допадна на Флорентино Перез. Асенсио бараше поголема минутажа и посилен договор, но не го доби, напротив, Шпанецот целосно падна во втор план од почетокот на сезоната.

Шпанецот има 26 години, но не игра доволно и затоа сака нов предизвик. Она што сепак фрла сомнеж во оваа приказна е идејата на Барса да го врати Лионел Меси.

Деновиве каталонски извори пишуваа за идејата на Чави да го врати Меси барем уште една сезона. Асенсио не е ист тип на играч, никој не е сличен на Меси, но факт е дека и двајцата најчесто играат на позицијата десно крило, особено во формацијата 4-3-3 на Чави.

Исто така, не треба да заборавиме дека тука се Дембеле, Рафиња, Феран Торес, па сигурно е дека Чави ќе мора да продаде еден од нив, заедно со Депај кој најверојатно ќе си замине на лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот