Боксерите Љама и Јанески конечно се вратија во Скопје

фото: bfm.mk

Двајцата боксери веднаш по пристигнувањето се сместени во 14-дневен задолжителен карантин.

Македонските боксери Јасин Љама и Гоце Јанески, вчера вечерта преку Софија се вратија во Македонија откако 19 дена беа во Лондон каде учествуваа на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио.

Олимпискиот турнир поради пандемијата на коронавирусот по само два дена беше прекинат од страна на организаторот.

Љама и Јанески останаа во Лондон поради затворањето на аеродромот во Скопје. Боксерската федерација на Македонија два пати се обиде да ги врати во Скопје, но за жал неуспшно, еднаш преку Истанбул и втор пат преку Солун бидејќи Турција и Грција во последен момент ги затворија границите.

Вчера со лет преку Софија нашите двајца репрезентативци пристигнаа во Бугарија а потоа до Скопје. Љама и Јанески се сместени во задолжителен карантин во Скопје во Хотел Ибис каде ќе престојуваат следните 14 дена.

БФМ изразува голема благодарност до сите вработени во Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија за помошта која ни ја пружија да ги вратиме Јасин Љама и Гоце Јанески дома.

Воедно, БФМ изразува благодарност и до организаторите на турнирот во Лондон кои максимално се ангажираа нашите боксери , Љама и Јанески да ги имаат сите неопходни услови за комотен престој во престолнината на Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот