Бојкотот на СДСМ ја одложи седницата на Работната група за Изборниот законик
Министерството за правда соопшти дека е одложена четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство поради отсуство на претставниците на опозицискиот СДСМ, кој претходно најави дека ќе ја бојкотира работната група доколку власта не се откаже од укинувањето на техничката влада.
Препорачано
Останатите партии и институции вклучени во процесот на измени на Изборниот законик доставиле забелешки и коментари по препораките на ОБСЕ/ОДИХР, вели министерот Филков.
„Она што денес изостана е токму она што е најпотребно — политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Денеска имавме можност да го видиме вистинското лице на, за жал, изгубената политичка партија која со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избра да не биде дел од процесот кога се носат суштински одлуки“, вели Филков.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пред неколку дена предупреди дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата целосно ќе се повлечат од работната група за Изборниот законик доколку власта не се откаже од едностраното укинување на техничката влада пред секои парламентарни избори.
Откако Филипче го услови, Мицкоски објаснува: Техничката влада не се укинува за следните избори


