Фото: Фејсбук / Eurovision Song Contest

Бојкоти, протести и Израел — Евровизија во сенка на политички тензии

Долго пред да се случи, годинешната Евровизија се соочува со сериозни политички контроверзии, а главна тема повторно се учеството на Израел и бојкотот на повеќе земји членки на ЕБУ, пишува „Дојче веле“.

Музичкиот натпревар ќе се одржи во Виена од 12 до 16 мај и тоа ќе биде неговото јубилејно 70-то издание, под мотото „Обединети од музика во срцето на Европа“. Но, наместо само музика и спектакл, Евровизија оваа година е обележана од политички тензии, бојкоти и најавени протести.

Евровизија започнува глобална потрага по изгубени снимки, недостасуваат историските изданија од 1956 и 1964 година

Повеќе од 1.100 уметници потпишаа отворено писмо со барање Израел да биде исклучен од натпреварот поради војната во Газа. Меѓу потписниците се Питер Габриел, Масив Атак, Роџер Вотерс и други.

Од друга страна, околу 1.100 личности од забавната индустрија потпишаа контра-писмо со поддршка за учеството на Израел.

Поради контроверзиите, неколку држави решија да ја бојкотираат Евровизија, меѓу нив Ирска, Холандија, Словенија, Исланд и Шпанија. Ова е првпат една од земјите од т.н. „Големата петорка“ да не учествува на натпреварот.

Словенија нема да ја пренесува Евровизија — наместо музика, ќе емитува програма посветена на Палестина

Виенската полиција веќе најави засилени безбедносни мерки и очекува големи протести за време на финалето.

Покрај политичките тензии, реакции предизвика и романската песна „Дави ме“ на Александра Капаитинеску, која дел од јавноста ја оцени како проблематична поради текстот, додека пејачката тврди дека станува збор за метафора за внатрешен притисок и стравови.

Во меѓувреме, Украина повторно привлекува внимание со настапот на Викториа Лелека, чија песна „Ридним“ зборува за стравот, надежта и идентитетот за време на војна.

Кога станува збор за музиката, Евровизија и оваа година носи многу емоции, драматични сценски настапи и денс електро-поп.

Глобалните конфликти и политички поделби сè повеќе се прелеваат и на Евровизија, која од година во година сè потешко успева да остане „аполитичен“ музички натпревар.

Следното издание на Евровизија со најмал број учесници од 2004 година, ќе настапат само 35 земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот