Евровизија - Фото: HANS KLAUS TECHT / AFP / Profimedia

Следното издание на Евровизија со најмал број учесници од 2004 година, ќе настапат само 35 земји

Европскиот радиодифузен сојуз соопшти дека на Изборот на песна за Евровизија, кој следната година ќе се одржи во австрискиот главен град Виена, ќе учествуваат претставници од 35 земји. Ова е најмал број учесници од воведувањето на полуфиналните вечери во 2004 година.

Учество на фестивалот го потврдија јавните сервиси од Азербејџан, Албанија, Австралија, Австрија како домаќин, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Грузија, Грција, Данска, Естонија, Израел, Италија, Ерменија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Германија, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Србија, Романија, Украина, Финска, Франција, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска.

Во однос на годинашното издание во Базел, на Евровизија се враќаат Бугарија, Молдавија и Романија. Од друга страна, Шпанија, Исланд, Ирска, Словенија и Холандија неодамна го повлекоа своето учество, наведувајќи го учеството на Израел како причина.

Фото: Инстаграм/Избор на песна за Евровизија

Бројката од 35 земји е најниска од 2004 година, кога натпреварот беше проширен со воведување полуфинална вечер поради зголемениот интерес. Таа година, во Истанбул, учествуваа 36 земји, а дебитираа Србија и Црна Гора, Албанија, Андора и Белорусија.

Со понатамошниот раст на бројот на учесници, Евровизија доби и второ полуфинале. Рекордот од 43 земји беше поставен во Белград во 2008 година, а изедначен уште двапати – во Дизелдорф во 2011 и во Лисабон во 2017 година.

Во Виена, по 15 земји ќе настапат во двете полуфинални вечери, а по десет најдобри од секое полуфинале ќе се пласираат во финалето. Ним ќе им се придружат домаќинот Австрија и земјите со директен пласман – Велика Британија, Италија, Германија и Франција.

Распоредот на земјите по полуфиналињата ќе биде одреден со жрепка на 12 јануари.

Скандал ја тресе Евровизија! Холандија, Шпанија, Ирска и Словенија го откажаа учеството поради Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот