Бојиќ по една сезона се врати во МЗТ Скопје

Српскиот интернационалец, Андрија Бојиќ следната сезона повторно ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска стави параф на едногодишен договор.

Станува збор за центар висок 207 сантиметри, кој играше за МЗТ Скопје во финишот од сезоната 2017/18 како и во текот на сезоната 2018/19, во која на крајот се закити со шампионскиот трофеј.

Минатата сезона играше во романскиот  Волунтари, по што повторно се врати во „Јане Сандански“.

Бојиќ првите кошаркарски чекори ги направи во дресот на Мега Визура, по што играше за екипи како ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, КСЕ Јашбери (Унгарија), Полфарма (Полска) и романска Политехника.

Србинот е трето странско засилување за МЗТ Скопје кој има највисоки амбиции во АБА2-лигата и во двете домашни натпреварувања, по Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет.

Тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање има и шест македонски репрезентативци и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот