Богдановиќ се извини за навредата кон Димитров, но смета дека политиката и уметноста не треба да се мешаат

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоналачникот Саша Богдановиќ изјави дека му е жал, поради тоа што во коментар го нарече Димитров „идиот“, во врска со објавата на Фејсбук на Димитров да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.

Богадановиќ и покрај извинувањето, сепак порача дека според него политиката и уметноста не треба да се мешаат.

– Не треба да правиме дополнителни конфликти, ова е едно општество за сите. Тоа значи дека покрај другите треба да се земат во предвид и националните чувства на Србите, народот на кој јас припаѓам – рече Богдановиќ.

Тој не сакаше да коментира дали имало геноцид,  истакна дека постојат судови кои ќе пресудат за тоа.

Инаку, и покрај поддршката за Хандке, Богдановиќ не знаеше да наброи ниту една негова книга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот