Богата или не, Германија за санација од поплавите чека пари од ЕУ фондовите
Германската влада планира нргу да ја обнови инфраструктурата оштетена во поплавите и се надева на поддршка од европскиот фонд за санација на штети, која сигурно би изнесувала милијарди евра, покажува владин документ.
Владата за кусо време за поправка на зградите, локалната инфраструктура и за помош на граѓаните ќе издвои 200 милиони евра, покажува документ до кој дошла агенцијата Ројтерс.
Препорачано
Ако сојузните држави обезбедат уште 200 милиони евра, сумата за итна помош ќе биде двојна, пишува во документот за кој треба да се расправа в среда.
Освен овие средства, германската влада планира да побара помош од ЕУ-фондот за санација на штетата предизвикана од природната катастрофа.
Вкупниот трошок за обнова на поплавените подрачја во западниот дел од Германија ѓе достигне неколку милијарди евра, изјави вчера за време на посетата на настраданите министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.
Поплавите во Германија однесоа најмалку 160 човечки животи, а по многумина сѐ уште се трага.
Извор: SEEbiz.eu


