Бобан Николов не е задоволен во Стеауа, се сели во Шпанија?

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов би можел да ја напушти романска Стеауа каде што не е задоволенд од својот статус.

Николов на натпреварот одигра пред три дена со Херманштад во романското првенство не се најде ниту на клупата. Медиумите во Романија пренесуваат дека македонскиот фудбалер бил незадоволен и побарал заминување.

Наводно, Николов разговорал со тренерот Михаи Пинтили и побарал да има поголема минутажа, во спротивно би можел да замине во Шпанија од каде што има понуди од второлигаш.

Пинтили на тој разговор му соопштил дека го смета за важен играч, меѓутоа ситуацијата на натпреварите не изгледа така, а Николов одлуката ја донел по споминатиот меч со Хермнштад.  Николов имал понуди од Шпанија, но засега имињата на клубот не се открива.

Сезонава Николов собра осум натпревари и вкупно 109 минути, вклучувајќи и два натпревари во купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот