Бобан Николов го постигна првиот гол за Кишварда

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот фудбалер, Бобан Николов кој во последениот период не добива повици од Благоја Милевски поради негова ситуација на клупски план (долго време беше без клуб) го постигна првиот гол за унгарска Кишварда.

Кишварда славеше убедлива победа од 0:6 против нисколигашот Унионе во Купот на Унгарија, а Николов го постигна првиот гол за својот тим.

Се играше 13. минута кога Николов ја затресе противничката мрежа и го отвори резултатот.

За тимот на Кишварда настапи и вториот Македонец, напаѓачот Марио Илиевски кој не се запиша во листата на стрелци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот