БМВ излета од патот кај Мирковци — петмина тешко повредени, меѓу нив и деца

Петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на скопската обиколница, кај Мирковци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу повредените се и три деца.

Според информациите, несреќата се случила кога возилото марка БМВ, со кое се превезувале патниците, излетало од патот.

„Синоќа околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, клучка Мирковци, патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Р.Н. од с. Кондово, Скопско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници С.Н.(40) и тројца малолетници, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“ соопшти МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот