Блерта Хоти – некогаш азилантка, денеска градоначалничка на општина во Шведска (ФОТО)

Фејсбук

Блерта Хоти од Косово, некогаш барателка на азил во Шведска, денеска е избрана за градоначалничка на втората најголемата општина во оваа држава, Гетеборг.

Веста ја објави министерот за Надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, кој преку социјалната мрежа Фејсбук ја честиташе Блерта за преземањето на функцијата.

„Некогаш барателка на азил во Шведска, а денеска назначена за водечка функција токму во Шведска. Блерта Хоти го презема кормилото на втората по големина општина во Шведска, Гетеборг. Честитки Блерта! “, напишал Пацоли.

Инаку, блерта Хоти и се придружи на Арба Кокалари, како една од Албанките што постигна успех во Шведска, пренесува Експрес.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот