Фото: БК Лидер/Фејсбук

БК „Лидер“ од Виница на работ на пропаѓање: Клубот ја обвинува општината за финансиски блокади

Боречкиот клуб „Лидер“ од Виница се најде во сериозна финансиска криза, а причината, според управата на клубот, е општината која не ги исплаќа средствата што му следуваат.

Од „Лидер“ велат дека клубот со години е еден од најуспешните кик-бокс клубови во источниот регион, создавајќи шампиони кои го прославуваат градот далеку надвор од неговите граници. Наместо ова да биде гордост за локалната власт, според нив, општината цела година ги игнорира и не ги обезбедува договорените средства.

„Ова е директно попречување на спортот, трудот и иднината на талентите кои заслужуваат поддршка, а не блокади. Каде се тогаш парите што треба да се исплатат? Општина Виница има обврска, а не избор, да стои зад своите најуспешни спортски колективи“, додаваат од клубот.

Управата на клубот го повика градот да ја исполни својата обврска и да обезбеди услови за нормално функционирање на клубот, нагласувајќи дека сегашното однесување е „срамно и недозволиво“.

 

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот