Instagram
Instagram

Бизарна несреќа: Загина Кевин Кларк, ѕвездата од филмот „Училиште за рок“

Многумина се сеќаваат на русокосиот тапанар Фреди Џонс, од филмот „Училиште за рок“, поради што веста за смртта на актерот кој го глумеше, Кевин Кларк (32) , ги шокираше.

Според пишувањето на „Њујорк пост“, Кларк возел велосипед во населбата Авондејл, Чикаго, кога на него налетал автомобил марка „хјундаи соната“, а со кој управувала 20-годишна девојка.

Иако полицијата и брзата помош брзо стигнале на местото од несреќата и Кларк бил префрлен во болница, тешките повреди резултирале со негова смрт, два часа по полноќ.

Веста за неговата смрт го погоди актерот Џек Блек, со кој глумеа заедно во „Училиште за рок“ и со кој останаа во добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Black (@jackblack)

Примив страшна вест. Кевин нè напушти. Прерано замина. Беше прекрасна личност и имаме толку многу заеднички спомени. Срцето ми е скршено и испраќам љубов до целото негово семејство“ – напиша тој во објавата на својот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот