Фото: илустрација / Слободен печат

Битолчанец утрово ја убил со нож 31-годишната поранешна партнерка

Ново брутално убиство на жена ја потресе Македонија утрово. Битолчанец со нож ја избодел до смрт својата 31-годишна поранешна невенчана сопруга, со која не живееле заедно, соопшти битолската полиција.

Според информациите, тој е уапсен и задржан во полициска станица.

„Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.

Подмолниот убиец од Битола ја бодел жената додека спиела, со неа имал четири деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот