СВР Битола / Фото: „Битола њуз“

Подмолниот убиец од Битола ја бодел жената додека спиела, со неа имал четири деца

Обвинителството објави морничави детали од убиството кое се случи рано утринава во Битола. 33-годишен маж ја избоде со нож 31-годишната поранешната партнерка, со која имал четири деца, откако ѝ влегол во домот и чекал да заспие, велат од ОЈО.

Последниот случај на брутално убиство при семејно насилство ги вознемири битолчани, но и целата македонска јавност.

„Тој претходно се осигурал дека таткото на жртвата не се наоѓа во домот каде што живеела жената, по што влегол во куќата додека таа спиела. Осомничениот се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож по телото, од кои таа починала на самото место“, велат од Обвинителството, додавајќи дека уапсениот осомничен убиец ќе одговара за убиство при вршење семејно насилство.

Битолското обвинителство бара да му биде определен притвор.

Девојчињата кои ги злоставувал просветниот работник во Штип имале од 10 до 13 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот