Девојчињата кои ги злоставувал просветниот работник во Штип имале од 10 до 13 години
65-годишниот злоставувач подолг период недолично ги допирал ученичките по телата, велат од Обвинителството
65-годишниот просветен работник и директор на образовен центар во Штип, е осомничен дека злоставувал три девојчиња на возраст од само 10 до 13 години, кои недолично ги допирал по телата за време на дополнителна настава, соопшти Обвинителството.
Препорачано
„Постои сомнение дека осомничениот во периодот од септември 2023 до 11 мај 2026 година, додека им држел дополнителни часови во образовен центар, ја злоупотребил довербата и положбата кон девојчиња на возраст од 13, 11 и 10 години. Тој им се приближувал и ги допирал по телото, со што се исполнети елементите на кривичното дело ‘други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години’ согласно Кривичниот законик“, велат од ОЈО.
Случајот во полиција го пријавиле родители во присуство на ученичките и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Штип.
65-годишниот раководител на образовен центар беше уапсен вчера, откако девојчињата и нивните родители го пријавиле дека подолг период ги злоставувал.
Во домот на осомничениот А.Ш. и во образовниот центар, по претходна судска наредба, извршени се претреси и одземени се предмети за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор на осомничениот, кој ќе добие кривична пријава.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека приватните образовни центри не се под надлежност на МОН, но и дека властите планираат со закон да ги подведат под мониторинг на Просветниот инспекторат.
68-годишен скопјанец со години силувал дете и ги снимал гнасните чинови


