Битлси се обиделе да го снимат „Господар на прстените“, но… Џ.Р.Р. Толкин ги одбил

битлси господар на прстените
Фото: Принтскрин / Instagram

Битлси се обиделе да направат адаптација на големиот екран на „Господарот на прстените“ во 1968 година, но на бендот му биле ускратени правата да ги пренесат фантастичните книги на големото платно од самиот Џ.Р.Р. Толкин.

Режисерот Питер Џексон – кој е најпознат по неговата распространета трилогија базирана на серијата „Господар на прстените“ на Толкин – моментално е на прес турата за неговото најново дело „The Beatles: Get Back“, документарна серија направена од снимките на бендот додека го снимаа нивниот последен албум „Let It Be“, кога тој изјави за Би-Би-Си дека открил дека фантастичната четворка сакала да го адаптира Толкин.

„Полека собирав на куп помали информации. Го испрашував Пол за тоа. Ринго не се сеќава многу“, рече Џексон.

Режисерот продолжи да кажува дека на бендот му биле испратени копии од книгите „Господар на прстените“ од нивниот продуцент Денис О’Дел, кога ја посетиле Индија во доцните 60-ти.

„Претпоставувам, бидејќи тие се тројца, дека тој испратил по една книга на секој Битлс. Мислам дека Ринго не доби по една, но Џон, Пол и Џорџ добија по една книга „Господарот на прстените“ за читање во Индија. И тие се возбудиле поради тоа“, изјави Џексон.

Сепак, Џексон рече дека Толкин, авторот на фантастичните романи, не бил ентузијаст да ги предаде правата од големиот екран на Битлси.

„На крајот, сепак тие не можеа да ги добијат правата од Толкин, бидејќи не му се допадна идејата поп група да ја направи неговата приказна. Така тоа беше спречено од него. Тие се обидоа да го сторат тоа. Нема сомнеж за тоа. За момент во времето, тие сериозно размислуваа да го направат тоа на почетокот на 1968 година“.

Би-Би-Си известува дека доколку филмот влегол во продукција, актерската екипа би била составена од Пол Макартни како Фродо, Џон Ленон како Голум, Џорџ Харисон како Гандалф и Ринго Стар како Сем. А изборот на режисер од бендот би бил Стенли Кјубрик, кој во тоа време беше најпознат по неговата работа на „Лолита“, „Спартак“ и „2001: Одисеја во вселената“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Beatles (@thebeatles)

Но сепак, адаптацијата на „Господарот на прстените“ на големиот екран конечно беше создадена во раните 2000-ти од Питер Џексон.

Режисерот ги сними сите три филма во неговата трилогија „Господарот на прстените“ симултано и целосно во неговиот роден Нов Зеланд од 11 октомври 1999 година до 22 декември 2000 година. Трилогијата стана една од најуспешните филмски триологии на сите времиња заработувајќи речиси 3 милијарди долари на благајните ширум светот. И во 2014 година, Џексон го заврши филмскиот спин-оф „Хобит“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peter Jackson (@peter__jackson)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот