Битиќи: Ако помирувачот утврди дека вработените во УЈП треба да добијат повисоки плати Владата ќе го исполни тоа

Управа за јавни приходи / СП. архива

Има назначено помирувач со Синдикатот на вработените во УЈП кој бара решение. Ако тој утврди дека не е исполнет законскиот услов и вработените треба да добијат повисоки плати, како влада ќе мораме тоа да го направиме, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање за вработените во УЈП кои најавија генерален штрајк на 27 јуни, доколку не им се зголеми платата за 30 отсто.

Веќе има назначено помирувач со Синдикатот на вработените во УЈП кој ќе бара решение. Ако помирувачот рече дека не е исполнет законскиот услов и дека треба да добијат повисоки плати, како Влада ќе мораме тоа да го направиме. Постои и механизмот на автентично толкување на законот во Собрание. Ако Собранието ни потврди дека УЈП и Царинската управа треба да добијат покачување на плати според тој закон, како што добиле другите вработени во Министерството за финансии и другите органи под Министерството за финансии кои тоа го добиле, нема никаков проблем да изгласаме таква одлука на Влада и да добијат повисоки плати, појасни Битиќи.

Од друга страна, додаде вицепремиерот, в четврток е закажана седница на Економско социјалниот совет на која треба да се разговара и ова прашање.

Секако ќе има претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, а тоа што немаат претседател не е проблем, бидејќи имаат Претседателство, и ќе се разговара за моделот. Од нив имаме добиено предлог дека методологијата за плати треба да биде заснована на просечна плата помножена со коефициент. Кажавме дека тоа е прифатливо за Владата, како што е прифатлива и постојната метода. За двата модела треба да се разговара на маса и да се бара решение. Ние понудивме преоден период на прилагодување од пет години, а тие не го прифатија. Сега го кратиме тој временски период на 2,5 години. Тие треба да го видат предлогот и да кажат дали е прифатлив, посочи Битиќи и додаде дека ваквиот предлог ќе биде доставане до синдикатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот