Бискуп од Никарагва обвинет за заговор против државата

Никарагва
Знамето на Никарагва / Фото: Maynor VALENZUELA / AFP / Profimedia

Католичкиот бискуп Роландо Алварез, кој беше уапсен и ставен во домашен притвор во август, е обвинет за заговор и ширење лажни вести, соопшти судското тело.

56-годишниот бискуп е обвинет за „кривично дело заговор за оштетување на националното единство“ и за „ширење лажни вести на штета на државата и општеството на Никарагва“, се вели во соопштението на црквата.

Врските меѓу Католичката црква и владата се затегнати од 2018 година, кога демонстрантите кои бараа оставка од претседателот на Никарагва се засолниja во црквите.

Владата го притисна монс. Алварез затоа што го критикуваше затворањето на пет католички радио станици во неговата епархија и бараше „да се почитува“ слободата на вероисповед и да се запре „прогонството“ на Католичката црква.

Тој беше уапсен на 20 август и ставен во домашен притвор.

Полицијата мерката ја оправда со „дестабилизирачки дејствија и провокации“ на владиката.

Европската унија објави информација дека Никарагва држи повеќе од 180 „политички затвореници“ и дека властите затвориле повеќе од 1.200 здруженија на граѓанското општество во првата половина на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот