Изет Меџити и Биљал Касами во Тетово

Биљал Касами освои нов мандат во Тетово, во Струга Менди Ќира слави тесна победа

Актуелниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами од Беса и коалицијата „Вреди“, ќе биде на чело на општината уште еден мандат, откако денес, во вториот круг од локалните избори, го победи Блерим Реџепи од ДУИ со околу 5.000 гласа разлика, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Со пребројани 98.88 отсто од гласовите, Касами има 21.004 гласа, додека неговиот ривал од ДУИ освоил 15.958.

Во Струга беше многу понеизвесна борбата меѓу Менди Ќира, кој настапи како независен кандидат со поддршка на „Вреди“, и противкандидатот од ДУИ, Арсим Далипи. Таму приврзаниците на Ќира веќе слават на улиците, а според податоците кои ги објавува ДИК, со 96,34% пребројани гласови, предноста на независниот кандидат (12.040) пред Далипи (11.410) изнесува 630 гласа.

Кандидатот на „Вреди“, Фисник Мела, победи во Дебар, каде по целосно пребројаните гласачки ливчиња, освои 4.369 гласа, наспроти независниот противкандидат Рамадан Имери (3.674 гласа).

ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Општина Брвеница, каде кандидатот на владејачката партија и актуелен градоначалник, Јовица Илиевски, го победи Хаќим Рамадани од коалицискиот партнер на централно ниво, „Вреди“, со само 150 гласа разлика (4.374 спрема 4.224).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот