Норма Едвардс - Фото: Фејсбук

Била клинички мртва дури трипати: „Го видов она што е од другата страна и се вратив со порака“

Луѓето кои доживеале клиничка смрт често раскажуваат искуства што се истовремено фасцинантни и мистериозни. Иако медицината има свои објаснувања, нивните приказни за тоа што „виделе“ или „почувствувале“ во моментите меѓу животот и смртта и понатаму предизвикуваат љубопитност и размислување за тоа што се наоѓа од „другата страна“.

Таков е случајот со Норма Едвардс (80), која вели дека била клинички мртва дури трипати. Во два од тие моменти, според неа, чекорела во „друга димензија“, каде ја пречекале „неземни суштества“ кои ја испратиле назад со порака дека животот е вечен и дека смртта не е крај, туку почеток, пишува „Мирор“.

Таа опиша дека се нашла во темен тунел, потемен од сè што може да се замисли, но без чувство на страв. Додека патувала со брзина на светлината, пред неа се појавило нешто што личело на виножито со непознати бои, кое потоа се претворило во кристално бело светло во кое се стопила. Првото искуство го доживеала во младоста, кога на пат кон работа се онесвестила и ѝ запрело срцето. Лекарите подоцна ѝ кажале дека имала мртов фетус кој го труел нејзиното тело. Таа се сеќава дека го гледала своето тело одозгора, ослободена од болка и неможноста да комуницира со оние околу неа. Додека медицинскиот тим се борел да ја врати, таа, како што раскажува, била одведена на патување „надвор од смртта“, исполнето со чувство на радост и љубов.

Тврди дека стигнала до огромен екран каде се прикажувал нејзиниот живот. На екранот имало три колони – животот што го планирала пред да дојде на Земјата, животот што навистина го живеела и резултатот, каде секој пат пишувало дека целта не е исполнета. Веднаш потоа била пренесена до река каде ја чекале многу познати души, меѓу кои и нејзината тетка. Кога се обидела да ѝ пријде, тетка ѝ ѝ рекла дека не ѝ е дозволено да остане и дека се враќа со порака дека животот крие многу повеќе отколку што го гледаме и дека е вечен. Кога се вратила во своето тело, Норма опиша дека чувството било болно, како да се обидувате да ставите цела галаксија во шолја чај – како огромна енергија која се враќа во малo тело. Бојите ги гледала како музика, светилките прегорувале кога ќе поминела под нив и верувала дека луди.

Второто искуство го доживеала во ноември 2024 година во својот дом во Мериленд. Кога почувствувала дека нешто не е во ред, му рекла на сопругот да повика брза помош. За време на транспортот ѝ запрело срцето, и таа тврди дека повторно се нашла во истиот тунел, повторно на пат кон светлината. Вели дека и тогаш ја враќале пред да стигне „до Рајот“, а потоа повторно умрела уште еднаш во истата ноќ. Во тоа трето искуство, како што раскажува, била придружена од женска фигура која ја сфатила како ангел и која се осигурувала дека Норма нема да одлучи да остане во другата димензија. И повторно ѝ била дадена истата порака: дека само половина од нејзината „мисија“ е исполнета и дека луѓето се заробени во страв. Според неа, нејзината задача е да помогне луѓето да се ослободат од тој страв, да се „разбудат“, да ја подигнат својата внатрешна вибрација и да продолжат со животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот