Бил Гејтс: Дружењето со педофилот Епстајн беше голема грешка

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Бил Гејтс во интервју за Си-Ен-Ен ја призна грешката, велејќи дека направил погрешна одлука бидејќи се дружел со осудениот педофил Џефри Епстајн, откривајќи дека биле заедно на неколку вечери.

Пријателскиот однос на Гејтс и Епстајн датира уште од 2011-та, кога Епстајн уплатил средства за фондацијата на Гејтс и ЏП Морган, кое било причина за распавија на Гејтс и неговата сопруга. Сопругата Мелинда била лута поради дружењето на Бил со педофилот, велејќи му дека не сака да има никаква поврзаност со него. 

Основачот на „Мајкрософт“ повеќе пати го посетувал Епстајн во неговиот дом, тие разговарале и за неговиот брак, каде Џефри го советувал да се разведе од Мелинда. 

„Бев со него на неколку вечери надевајќи се дека тој ќе инвестира милиони за филантропската организација поврзана со глобалното здравје преку своите контакти. Кога видов дека од тоа ништо нема да се случи, нашето пријателство заврши. Тоа беше голема грешка.“ изјави Гејтс во интервјуто за Си-Ен-Ен. 

Епстајн беше уаспен на 6 јули 2019-та година поради обвиненија за трговија со сексуални робови. Тој на 10-ти август 2019-та година беше пронајден мртов во затворската ќелија, по што веднаш беше започната истрага за околностите на неговата смрт. 

Обдукцијата покажа дека Епстајн се самоубил со бесење, но долгогодишниот форензички патолог Мајкл Баден, кој го ангажираше братот на Џефри Епстајн, тврди дека некои докази укажуваат на тоа оти милијардерот и осуден педофил не се обесил во неговата ќелија, туку дека е задушен. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот