Бијонсе за првпат откри дека од детството се соочува со хронична кожна болест

Фото: Instagram / beyonce

Бијонсе неодамна се отвори за својата битка со псоријазата пред лансирањето на нејзината нова линија на производи за нега на коса.

Пејачката која влегува во индустријата за убавина вели дека сака на своите верни фанови да им обезбеди квалитетни производи, а својот проблем со болеста на кожата за првпат го сподели со јавноста за да ја подигне свеста за проблемот и да ги поддржи оние кои се борат со слични предизвици.

Имено, Бијонсе во интервјуто за „Есенс“ откри дека од мала се бори со псоријаза и детално опиша како нејзините лични искуства влијаеле на развојот на компанијата и на нејзините производи.

„…Детството го поминав во салонот на мајка ми. Таму татко ми ми нанесуваше масла на скалпот за да ми ја лекува псоријазата. И денес се сеќавам на сето тоа добро, тие спомени ми се свети“, објаснила таа.

Таа објасни дека се „откажала“ од долгата коса кога за првпат станала мајка. За неа и како уметник тоа било начин да се побуни против општеството кое „верува дека жената не треба да носи кратки фризури“ и да се ослободи од „сите стеги“.

ВИДЕО | Најдобрите реклами на годинашниот Супербол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот