Бијонсе во луксузен стил излезе од карантин, фановите веднаш воочија детаљ со кој ги насмеа (ФОТО)

profimedia
Бијонсе/Фото: Профимедиа

Американската музичка ѕвезда Бијонсе (38) се повози со својата асистентка во луксузниот автомобил и во таа прилика носеше заштитна маска за лице, која всушност беше завртена наопаку и така ги насмеа сите фанови.

За време на пандемијата на коронавирусот популарната пејачка се повлече, не излегуваше често од својот луксузен дом и сите обврски ги одложи до неодреден период, додека не помине кризата.

По речиси два месеци Бијонсе е сликана додека со својата „десна рака“ се возеше низ улиците во Лос Анџелес во непрепознатливо издание.

Бијонсе била едвај препознатлива бидејќи имала капуљача на главата, носела очила за сонце и заштитна маска за лице, па така целото лице и било прекриено.

Она што било смешно е тоа што таа случајно маската ја носела на погрешната страна, а буквата „Б“ која е испринтана на маската, за жал била наопаку. Таа седела на совозачкото место, додека нејзината асистентка го возела винтиџ мерцедесот, а и двете уживале во прекрасниот ден и сончевите зраци на Беверли Хилс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот