БиХ денеска го слави Денот на државноста: Во Федерацијата е празник, во Република Српска обичен работен ден
Федерацијата БиХ денеска го одбележува Денот на државноста, затоа што во овој ентитет се смета дека темелите на државноста на Босна и Херцеговина се поставени на 25 ноември во 1943 година во Мркоњиќ Град, на седницата на ЗАВНОБИХ.
Препорачано
Во Федерацијата БиХ денеска е празник и неработен ден, додека во Република Српска не се слави како Ден на државноста на БиХ.
На ниво на БиХ, никогаш не е усогласен единствен Закон за државни празници, но постојат закони на ентитетите што ги дефинираат државните празници.
Во Република Српска денот кога беше парафиран Дејтонскиот мировен договор – 21 ноември е празник и неработен ден, што не е случај во Федерацијата БиХ.
Претставниците на Република Српска предложија денот на потпишување на Дејтонскиот договор да биде прогласен за Ден на државноста на БиХ, но политичарите од Федерацијата БиХ не се согласија на тоа.
Во Федерацијата БиХ, свеченото одбележување на Денот на државноста на БиХ почна со интонирање на химната и кревање на знамето на ридот Хум над Сараево.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
15мин
-
22мин
-
43мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


