Биелса и Лидс составуваат сериозен тим за настап во Премиер лигата
Екипата на Лидс по пауза од 16 години обезбеди пласман во најсилната англиска лига и не планира да има епизодна улога во новата сезона.
Менаџерот на Лидс, Марсело Биелса, сака неговиот тим да игра важна улога во Премиер лигата и поради тоа е активен на трансфер пазарот.
Според последните информации, нов фудбалер треба да биде Рафиња од Барселона, а конечно се договорени сите детали со Удинезе за трансферот на Родриго де Паул.
Рафиња кој неколку пати беше отпишуван од Барселона и одеше на позајмици во Селта и во Интер, се најде во немилост и кај новиот тренер Роналд Куман, кој му порача дека може слободно да си замине.
Рафиња е дете на Барселона, ги помина сите младински категории на славната академија Ла Масија, а наводно негова желба е кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Лидс е најконретен, но засега проблем во реализацијата на трансферот претставува барањето обесштетувањето, Барселона бара 16 милиони евра додека Лидс е подготвен да даде најмногу 12 милиони.
Аргентинеот Родриго де Паул конечно ги договори личните услови со Лидс и се очекува до крајот на наредната недела да пристигне на „Иланд роуд“ и да стави потпис на договорот. Лидс претходно се согласи на Удинезе да му плати 35 милиони евра за одличниот фудбалер од средината на теренот.
Лидс за кого настапува и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, веќе донесе две засилувања, напаѓачот Родриго Морено кој дојде до Валенсија и штоперот Робин Кох од Фрајбург. Според замислите на менаџерот Марсело Биелса, за Лидс да биде конкурентен во Премиер лигата потребни му се еден лев бек и уште еден штопер.