Безжичните срцеви пејсмејкери можат да станат сосема нормална појава

Фото: Профимедиа

Пејсмејкерите со жици кои влегуваат во срцето и батериите под кожата може да станат минато, бидејќи новиот тип на безжичен систем на пејсмејкери кој го разви „Абот лаборатории“ може да им користи на повеќе пациенти отколку што беше можно претходно.

Истражувачите ги објавија своите откритија на годишниот состанок на Здружението за срцев ритам (Heart Rhythm Society) во Њу Орлеанс.

Моментално достапните безжични пејсмејкери можат да се постават само во една комора на срцето. Но, околу 80 отсто од пациентите на кои им е потребен пејсмејкер, им е потребен за да работи и во атриумот и во комората, велат истражувачите, пренесува Ројтерс.

„Претходно тоа не беше можно, бидејќи е многу комплицирано да се постават два мини пејсмејкери кои можат да комуницираат меѓу себе безжично“, рекол во изјавата водачот на студијата д-р Рејнуд Нопс од Медицинските центри на Универзитетот Амстердам, во Амстердам.

Традиционалните пејсмејкери се состојат од кутија под кожата во близина на клучната коска, со жица што поминува низ вена во срцето. Овие жици се кревки и може да се искинат, да се откачат од срцето или да се инфицираат.

Новиот Абот систем се состои од два пејсмејкери со големина на витамински таблети, еден се наоѓа во атриумот и еден во комората, кои меѓусебно комуницираат преку електрични импулси.

Новите пејсмејкери, тестирани на 300 пациенти, биле безбедни и добро работеле три месеци или подолго, велат истражувачите. Резултатите беа објавени и во The New England Journal of Medicine.

„Абот“ очекува неговиот Дуал мини пејсмејкер да биде одобрен оваа година во САД, а на почетокот на следната година во Европа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот