Без претходни болести, 11-годишно дете почина од ковид во Загреб

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Денес рано утрово 11-годишно дете почина од последици на коронавирус на Клиниката за инфективни болести, Др. Фран Миаљевиќ во Загреб, Хрватска.

Д-р Горан Тешеовиќ, раководител на Институтот за заразни болести, за „Јутарњи“ вели дека сегашните информации покажуваат дека детето немало потврдени претходни болести и дека вирусот е потврден со тестирање.

– Обдукцијата ќе ја утврди точната причина за смртта, но информациите што ги имаме во моментов се дека детето завчера имало висока температура, болки во грлото, главоболка и малаксаност, што е честа клиничка слика. За жал, смрт е констатирана утрово во 5.20 часот. Детето имаше 11 години и 5 месеци – вели Тешовиќ и истакнува дека таквите исходи се многу ретки, но се можни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот