Беспрекорниот стајлинг на првата дама – Модно издание за чиста десетка (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Првата дама на САД беспрекорно стилизирана и овој пат…

Во последните неколку месеци навикнавме да ја гледаме Меланија Трамп во комбинација на потемни бои, па овој стајлинг дојде како вистинско освежување.

Таа за свеченото отворање на изложбата на млади уметници избра бел фустан со впечатлив портокалов принт. Стајлингот го надополни со салонки со вртоглава потпетица, исто така во портокалова боја. Светлите нијанси и стојат одлично и го истакнуваат она што е најубаво на нејзиното лице, изјавија модните критичари.

Фото: Профимедиа

Одамна некој стајлинг не предизвикал толку голема реакција како овој. На социјалните мрежи може да се прочитаат многу коментари меѓу кои и овој: „Во светли бои буквално блеска, би требало почесто да ги носи“.

Фото: Профимедиа

„Добриот избор на бои навистина може да ја подмлади жената“, гласи уште еден коментар.

Модните експерти, исто така, со воодушевување го примија ова модно издание на првата дама и го оценија со чиста десетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот