„Беше расист“: Статуата на Винстон Черчил оштетена за време на протестите (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

На статуата на славниот британски премиер Винстон Черчил во Лондон со спреј било напишано „беше расист“, за време на протестот против полициската бруталност и расизам во неделата.

Видео снимките покажале како мала група на демонстранти скандира „Черчил беше расист“ и „Борис (премиерот Џонсон) е расист“, јавува Индепендент.

Помала група на луѓе стоела околу статуата во очигледен обид да ја заштитат. На стомакот на статуата исто така е закачен натпис „Црните животи се важни“.

Џонсон: Протестите против расизмот се поткопани од грабежи

Протестите против расизмот во Велика Британија се изневерени од разбојништво, изјави британскиот премиер Борис Џонсон и предупреди дека одговорните ќе бидат приведени.

„Луѓето имаат право мирно да протестираат, додека одржуваат социјална дистанца, но немаат право да ја нападнат полицијата. Овие демонстрации се поткопани од разбојништво“, навел Џонсон на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот