Беше објавено дека македонски државјанин загинал во собраќајка, но тој се огласи – Јас сум добро

Иако Косовската полиција информираше дека на магистралниот пат Приштина-Урошевац изутринава загинал македонски државјанин на 34 годишна возраст со иницијалите А.Ј., подоцна информацијата беше корегирана.

Во оваа собраќајка загинал 25 годишен швајцарски државјанин. Дури македонскиот државјанин за кој беше објавено дека загинал, се огласил преку социјалните мрежи.

Индексонлајн дознава дека лицето за кое првично се објави дека загинало во несреќата е Адмир Јакупи. Tој дури и реагирал преку социјалните мрежи.

“Драги пријатели, за среќа јас сум добро, со мојот автомобил некој друг бил во несреќата”, напишал Јакупи, пренесува Индексонлајн.

Но, еве како ги објаснува Приштинската регионална полиција првичните информации дека во собраќајката загинал македонски државјанин:

“Во возилото кое имало собраќајка, во моментот кога пристигнала полицијата имало едно лице(шоферот) и кај него се пронајдени документите со иницијали кои ние ги пренесувавме кај вас. Но при истрага на случајот беше констатирано дека личните документи понајдени во возилото не беа на жртвата. Жртва е С.К. маж на 25 годишна возраст, Швајцарски државјанин“, изјавила портпаролката Флорие Ахмети за Експресс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот