Криптовалути

Бесант: 344 милиони долари криптовалути замрзнати поради врски со Иран

Соединетите Американски Држави замрзнаа 344 милиони долари криптовалути поради врски со Иран, објави американскиот министер за финансии Скот Бесант.

„Во согласност со операцијата „Економски бес“, Министерството за финансии на САД ќе продолжи систематски да ја ослабува способноста на Иран да генерира, движи и репатрира средства, преку нови финансиски мерки и санкции“, рече Бесант во објава на мрежата X.

Тој рече дека Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) воведува санкции врз неколку крипто паричници поврзани со Иран, што доведе до замрзнување на околу 344 милиони долари криптовалути.

„Ќе ги следиме парите што Техеран очајно се обидува да ги изнесе од земјата и ќе ги таргетираме сите финансиски средства поврзани со режимот“, рече Бесент.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп замрзна 344 милиони долари во криптовалути за кои тврди дека се поврзани со Иран, објави CNN- пренесе Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот