Фото: mkd.basketball

Берокал ги одбра финалните 12 кошаркари за натпреварот со Луксембург

Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, ги одбра финалните 12 кошаркари во ростерот на кои ќе смета за мечот од третото коло од групата „А“ од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029, против репрезентацијата на Луксембург.

Новиот предводник на нашиот сениорски тим, по денешниот тренинг, ги тргна дилемите, и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против репрезентацијата на Луксембург, која ќе се игра на 27 февруари (петок), во салата во „Градски парк“ во Скопје, која стартува од 18.00 часот, со директен пренос на програмата на МРТ.

Берокал се одлучи на натпреварот против репрезентацијата на Луксембург да играат:

Војдан Стојановски, кој ќе биде и капитенот на тимот, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.

Потсетување, нашите најдобри кошаркари го почна настапот во претквалификациската група А со две победи дома над Азербејџан (87:49) и на гости против Ирска (76:88).

И селекцијата на Луксембург исто така запиша две победи дома над Ирска (89:77) и на гости кај Азербејџан (90:95).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот