Бенефициран стаж бараат синдикатите на градежниците и транспортерите

фото: градежни работници/илустрација

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија НСКТМ  МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници, инжинери и трговци во градежништвото НС ГРИТГ денеска одржаа прес-конференција пред Владата во врска со нивното барање за бенефициран стаж на одредени профили на градежни работници, возачи на тешки транспортни возила, машинисти, хирурзи, лекари и сите други кои своите работни обврски ги извршуваат во специфични услови.

– Сакам да нагласам дека оваа проблематика не е почната оваа година, туку трае со години. Се сменија три влади додека да дојдеме до оваа ситуација. Во одговорот од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, таа навестува дека ќе имаме успех. Успехот ќе биде постигнат само ако Министерството вклучи експерти во Комисијата и ако не вклучи и нас – изјави Атанас Трајковски, претставник на Независниот синдикат на градежни инженери и трговски во градежништвото.

Трајковски посочи дека е нелогично градежен работник од 60 години да биде качен на скеле и да извршува висинска работа.

Страшо Јованов од МАКАМТРАС порача дека е потребна организираност, единство и заедништво од членовите на синдикатот со цел да бидат исполнети нивните барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот