Белингем на мета на фудбалските гиганти

Џад Белингем со одличните игри го привлече вниманието на фудбалските гиганти/фото: EPA-EFE/LEON KUEGELER

Еден од најталентираните фудбалери во светот, Џад Белингем во летниот преоден рок би можел да ја напушти Борусија Дортмунд бидејќи со одличните игри сезонава го привлече вниманието на најдобрите и најголемите европски клубови.

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид веќе се распрашуваа кај управата на Борусија за евентуален трансфер во летниот преоден рок, а сега и двете најдобри екипи во Премиер лигата, исто така пројавуваат интерес за летен трансфер на Белингем.

Според англиските медиуми, Ливерпул и Манчестер сити се заинтересирани за трансфер на Белингем кој веќе заигра за англиската репрезентација. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го гледа Белингем како идеална замена за Садио Мане или Мохамед Салах доколку си заминат од „Енфилд“.

„Граѓаните“ во Белингем гледаат голем потенцијал и сметаат дека тој би можел да биде нивниот лидер во тимот во наредната деценија.

Младиот англиски репрезентативец во 2020 година од Бирминген се пресели во Борусија Дортмунд и на 84 натпревари постигна шест гола и има 13 асистенции.

Управата на германскиот тим им порача на заинтересираните екипи дека очекуваат понуда од најмалку 75 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот