Белград наредната година би можел да го организира Ф4 турнирот во Евролигата
Постои неизвесност околу следниот домаќин на Фајналфорот на кошаркарската Евролига. Поради нестабилната политичка ситуација на Блискиот Исток, претходно избраниот организатор, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, е под знак прашалник, поради што првите луѓе на елитното европско клупско натпреварување мора да размислуваат за алтернативи. Една од нив наводно е и српскиот главен град Белград.
Препорачано
Како што пишува Јонас Лексас, од литванскиот портал Крепсинис, уште два града се во трка да го заменат главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Каунас (Литванија) и Валенсија (Шпанија).
Белград последен пат беше домаќин на завршниот турнир во 2022 година, кога истанбулскиот Ефес ја одбрани титулата европски шампион.
Ова би бил трет пат во последните девет сезони да ги гледаме судирите на најдобрите европски тимови во Белград.
Од друга страна, Каунас беше последното место каде што се играше познатото финале помеѓу Олимпијакос и Реал Мадрид во 2023 година, додека Валенсија за прв пат би била домаќин на Ф4.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
46мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


