Белгија отвора конкурс за 120.000 млади лица да се пријават за доброволна воена служба
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, најави дека наесен ќе испрати 120.000 лични писма до белгиските младинци кои наскоро ќе наполнат 18 години, повикувајќи ги да се пријават за доброволна воена служба.
Препорачано
Во интервју за еден локален медиум, тој истакна дека има само 500 слободни места, но има уште многу кои сакаат да аплицираат.
Министерот во одговор на прашање дали може да се очекува враќање на задолжителниот воен рок во земјава, истакна дека тоа не е предвидено во коалицискиот договор за владата. Тој на шега додаде дека би поддржал таков чекор „ако Русите веќе беа тука“.
Белгија го укина регрутирањето во 1995 година и со тоа стана првата земја од ЕУ која направи ваков чекор по 165 години задолжително регрутирање.
Франкен претходно оваа недела прецизираше дека на волонтерите ќе им се плаќа околу 2.000 евра месечно. Пред да ѝ се приклучат на армијата, ќе поминат низ процедура за проценка на менталната и физичката подготвеност, а процесот на селекција се очекува да заврши до септември следната година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


