Белата куќа: Книгата на Болтон содржи многу доверливи информации и во таа форма не смее да се објави

фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Во јануари Белата куќа го информираше Болтон дека неговиот ракопис на книгата содржи „значаен број на доверливи информации и дека во таа форма – не може да биде објавен“. Во својот вчерашен настап на Унивезитетот Дјук, Болтон рече дека Белата куќа се уште го анализира ракописот на неговата книга.

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон изрази загриженост дека Белата куќа настојува да го спречи објавувањето на неговата книга.

Според пишувањето на „Ројтерс“, Болтон во својата необјавена книга пишува за времето кое го помина на функцијата советник на Доналд Трамп. Во својот прв јавен настап по конгресното судење за Трамп, Болтон на Универзитетот Дјук во Северна Каролина изрази надеж дека сепак ќе успее да ја објави својата книга.

– Би требало да можам да одговорам на твитовите на претседателот – констатираше Болтон и изрази надеж дека неговата книга нема да биде забранета.

Запрашан да ги коментира твитовите на Трамп за него, Болтон одговори со контра-прашање: „Тој (Трамп) твитува за мене, а јас за тоа не смеам да зборувам. Дали е тоа фер?“.

Болтон ја напушти својата позиција минатиот септември, по сериозните несогласувања за клучни надворешно политички теми со Трамп. Додека Трамп тврди дека го отпуштил, Болтон тоа го негира и вели дека самиот поднел оставка.

Некои медиуми веќе во октомври минатата година, веднаш по разделбата на Трамп и Болтон, најавија дека поранешниот советник на претседателот, заговорникот за поцврсти ставови и поголема воена ангажираност на САД во кризните подрачја, планира да напише книга за својата работа во Белата куќа.

Според пишувањата на „Њујорк тајмс“, Болтон имал намера да објави дека Трамп на неодредено време одлучил да замрзне средства во износ од 391 милиони долари планирана американска воено-техничка помош во Украина, се додека не добие поконкретна помош од украинските официјални лица во истрагата за Џо Бајден, еден од потенцијалните ривали на Трамп на следните избори од редовите на демократите.

Овој маневар на Трап против Бајден беше иницијална каписла за запонување на конгресната постапка за отповикувањето на американскиот претседател.

Претставничкиот дом на Конгресот кој го контролираат демократите, на 18 декември изгласа започнување на постапката за импичмент на Трамп, на темел на две клучни обвиненија – злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот, а двете поврзани со Украина.

Американскиот претседател ги отфрли сите обвиненија и започнувањето на процесот во Конгресот го нарече срамен чин. Трамп е ослободен од обвиненијата на 5 февуари, на основа на конечката одлука на Сенатот кој е под контрола на републиканците.

Болтон отфрли да соработува со истрагата која ја водеше Белата куќа, но на 6 февруари рече дека би прифатил да сведочи доколку го повика Сенатот. Демократите бараа негово сведочење, но Сенатот гласаше против доведување на нови сведоци.

Во јануари Белата куќа го информираше Болтон дека неговиот ракопис на книгата содржи „значаен број на доверливи информации и дека во таа форма – не може да биде објавен“. Во својот вчерашен настап на Унивезитетот Дјук, Болтон рече дека Белата куќа се уште го анализира ракописот на неговата книга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот