Бектеши: Угостителските објекти со тераси може да отворат утре, работно време до 20 часот

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема. Додека пак останатите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките.

– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и акко се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор, рече Бектеши.

Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот