Бектеши: Можно е намалување на ДДВ-то за увоз на нови и половни возила

фото: Слободен печат

Mинистерот за економија Крешник Бектеши во изјава за Алсат вели дека Владата размислува да го намали ДДВ-то за увоз на нови, но и на половни возила во земјава.

Доколку тоа се реализира, најверојатно ќе отпадне идејата за давање на државна субвениција од 3.000 за набавка на возило со ЕУРО 5 или 6 стандардите.

На тој начин ќе се избегне опасноста дел од граѓаните кои би аплицирале за државна помош за купување возило, да останат со празни раце. Во Владата се прават пресметки која опција ќе биде поисплатлива за државната каса, дали намален ДДВ за увоз или 3.000 евра за субвенционирање.

– Не е напуштена идејата за три илјади евра, паралелно работиме на фискалните импликации, но работиме и на тоа на колку граѓани може да помогнеме со првата и колку со втората мерка. Првичните информации кои нас ни доаѓаат се дека е подобро да одиме со втората мерка бидејќи така ќе им овозможиме на сите заинтересирани граѓани да увезуваат нови автомобили – вели министерот Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот