Бектеши: Ги утврдуваме парафискалните давачки за да ги скратиме

Фото: МИА

Една од мерките во четвртиот сет, како одговор на долгогодишните барања на бизнисот, е намалување е парафискалните давачки кои бизнис-секторот ги посочува како еден од клучните фактори за подобрување на конкурентноста, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на средба со менаџментот на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Тој посочи дека во тек е формирање на мултиинституционална работна група, која во наредните неколку месеци ќе работи на утврдување на оние услуги кои имаат карактер на парафискални давачки, кои би можеле да се намалат и да се скратат.

– Нашата цел е да се намалат колку што можат административните обврски и трошоците на бизнисот, рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот