Бектеши ги охрабрува приватните компании: Следете ја етничката застапеност како во јавниот сектор

Крешник Бектеши

Ги охрабруваме сите компании да пристапат на ист начин во застапеноста на етничките заедници, како што работи јавниот сектор, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, говорејќи за најавената мерка за субвенции при вработување по принципот на рамноправна етничка застапеност.

– Ги охрабруваме, во делот на еднакво општество за сите и за Албанците и за Македонците и за другите, и тие да ја отсликуваат структурата на државата, како што е во јавниот сектор. Дали тоа ќе го направат приватните компании, ние не знаеме, изјави Бектеши при гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој нагласи дека оваа мерка е предвидена во политичката програма на Владата и треба да се реализира во наредните четири години, а во однос на различните ставови што ги изнесоа претставници на СДСМ, изјави дека „пред да коментираат, треба, да ги читаат владините програми”.

Според него, при спроведување на оваа мерка ќе се води сметка и за компетентноста на лицата што ќе бидат вработувани.

– Кога зборуваме за компетентноста, секако дека тие треба да бидат компетентни, било тоа да е Албанец, Македонец, Турчин, Србин. Треба да биде компетентен за да ги заврши работите што се предвидени, истакна Бектеши.

Тој нагласи дека на тековните средби со претставници на стопанските комори се разговара за четвртиот сет на економски мерки за справување со последиците од корона-кризата, но не и за мерката за помош при вработување по етнички клуч.

– При кроење на буџетот за 2021 година, секако дека ќе разговараме со стопанските комори и ќе ги земеме во предвид нивните ставови, коментари и сугестии, истакна министерот Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот