Бејкова: Речиси 39% од граѓаните сметаат дека локалните инспектори ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници, над 40% дека зависат од градоначалниците

НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, спроведе истражување на јавното мислење за искуствата и перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекциски служби.

-Над четириест проценти од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни, како и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници.

Жителите на Скопскиот регион, луѓето со високо образование и оние на возраст од 35 до 44 години, се најголеми застапници на тезата дека инспекторите се зависни од волјата на градоначалниците.

Многу малку граѓани (помалку од десет проценти) изјавиле дека тие или некој нивен близок пријавил проблем кај надлежниот општински инспектор. Речиси две третини од оние кои пријавиле проблем во општината се незадоволни од искуството и постапувањето на локалните инспектори.

Проблемите кои граѓаните ги пријавиле до општинската инспекциска служба соодветствуваат со проблемите за кои сметаат дека се најголеми и најчести во средината во која живеат: (1) Јавната чистота, ѓубрето и шутот; (2) Бучавата, загадувањето на воздухот и животната средина воопшто; (3) Одржувањето на улиците, тротоарите и патеките; (4) Водоснабдувањето; (5) Издавањето градежни дозволи; (6) Наплатата на даноци и други јавни давачки.

Над четириест проценти од граѓаните (42%) сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од волјата на градоначалниците. Жителите на Скопскиот регион (55%), луѓето со високо образование (51%) и оние на возраст од 35 до 44 години (48%), се најголеми застапници на тезата дека инспекторите се зависни од волјата на градоначалниците.

Речиси 4 од 10 граѓани (39%) сметаат дека локалните инспектори ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници, а нешто помалу од една третина (31%) сметаат дека локалните инспектори се ефикасни и професионални во заштитата на граѓаните и на јавниот интерес, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Билјана Бејкова од НВО „Инфоцентар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот