Бебешко пред мечот со Македонија: Нè гледаат како аутсајдери!

фото: handball.net.ua

Најголемата опасност од украинската репрезентација се очекува да биде голгетерот на Еурофарм Пелистер во ЛШ, Владислав Остроушко.

Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко вели дека и покрај тоа што не се фаворити за првите две позиции во групата „Б“, ветува дека неговите играчи нема предвреме да се предадат и на сите натпревари ќе оди на позитивен резултат.

Прв ривал на Украинците денеска од 20.30 часот во Виена е селекцијата на Македонија која е благ фаворит, но тоа треба да го докаже на теренот.

Во групата играат уште домаќинот Австрија и репрезентацијата на Чешка во прелиминарната фаза.

– Да се победи против Македонија е првиот предизвик со кој ќе се соочиме со цел да продолжиме да гледаме напред во првенството. Според ракометните експерти се наоѓаме меѓу аутсајдерите на ЕП, но доколку го имаме потребниот карактер и сакаме да се подобруваме, можеме до добар резултат.

Ја анализиравме Македонија, не ги одиграа пријателските натпревари во целиот состав. Мислам дека тие ја развија играта на бековската позиција – имаат голем потенцијал. Имаат пет-шест многу искусни играчи на кои треба да внимаваме – рече Бебешко.

Најголемата опасност во украинската репрезентацијата најверојатно ќе дојде од левиот, голгетерот на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко, моментно прв стрелец со 65 голови сезонава во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот