Бебе е пронајдено мртво во машина за перење, мајката дала шокантно сведоштво: „Губев свест…“
Мајката, Виетнамка која живее во Братислава, тврди дека не знаела дека е бремена, а на судот презентирала бизарно објаснување.
Братислава беше потресена од ужасен случај во кој тело на новороденче беше пронајдено во машина за перење. Истражителите сè уште се обидуваат да ги разјаснат сите околности на трагедијата, додека мајката, 40-годишната Ти М., е обвинета за убиство на сопственото дете, пишува „Словак Спектејтор“.
Препорачано
Според досегашните информации, жената се породила тајно, во бањата од нејзиниот стан, додека во куќата имало гости. Откако се заклучила во бањата, таа не се вратила долго време, а гостите набрзо го напуштиле домот. Дури подоцна било откриено дека родила дете чие тело било пронајдено скриено во машина за перење.
На судењето во Братислава, Ти М. презентирала шокантна одбрана.
„Имав ужасни болки. Жал ми е. Паѓав, губев свест. Повеќе не можев да мислам на детето“, рекла таа пред судот.
Жената тврди дека не знаела дека е бремена. Таа е државјанка на Виетнам која долго време живее во Словачка. Таа на суд изјавила дека ниту таа ниту нејзиниот партнер не биле свесни за бременоста, а лекарите сметаат дека е можно да станува збор за т.н. криптична бременост – многу редок феномен во кој жената нема никакви типични симптоми на бременост и дознава за тоа само за време на породувањето.
„Не работам, останувам дома. Мојот сопруг одлучи да биде со мене. Нашите четири деца живеат со нас“, додаде таа на рочиштето.
Словачката полиција сè уште утврдува што точно се случило во фаталните моменти. Иако околностите на раѓањето и смртта на новороденчето се сè уште нејасни, обвинителството покрена обвинение за убиство, а мајката се соочува со затворска казна до осум години.


