Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ / фото: архива

Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ е затворен поради голем дефект

Спортскиот центар „Борис Трајковски” денеска извести дека базенот во рамките на центарот е затворен и нема да работи поради голем дефект.

„Поради голем дефект во машинскиот дел на базенот, тој престанува со работа денеска во 18 часот, сѐ до отстранување на дефектот во наредните неколку денови, сѐ со цел да ги заштитиме сите посетители и да избегнеме несакани ситуации. Активно работиме на решавање на проблемот и веруваме во негово брзо отстранување. Ве замолуваме за разбирање и однапред ви благодариме“, велат оттаму во објава на „Фејсбук“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот