Баскетџиите заминуваат за Рига – Слободен печат
КошаркаСпорт

Баскетџиите заминуваат за Рига

Македонските тимови во 3х3, во машка и женска конкуренција денеска заминуваат за Рига каде ќе играат на квалификациските турнири за Европскиот Куп.

Двете национални репрезентации ќе се натпреваруваат во категоријата OPEN, мечевите ќе играат на терените во Летонија престојниот викенд. Тимовите во двете конкуренции ќе бидат поделени во три групи. Прво рангираниот тим од секоја група ќе се квалификува за втора групна фаза.

Првите два рангирани тимови од втората фаза ќе обезбедат пласман на Европскиот Куп кој ќе се одигра во Унгарија, закажан за месец септември.

Нашата земја ќе биде претставувана од Анџелика Митрашиновиќ, Софија Лазареска, Криси Гивенс и Александра Стојановска (најдобро рангирана македонска кошаркарка во 3х3) кај жените, како и Живко Манасиевски, Петар Бојовски, Блажо Митков и Ервин Цого (најдобро рангиран македонски кошаркар во 3х3) кај мажите.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на FIBA3x3 каналот на YouTube како и на официјалната FaceBook страница.

Распоредот на натпревари може да се погледне на следниот ЛИНК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close